Утрински Весник
Македонија

Ограбена жена во скопски Аеродром, напаѓачот насилно и ја одзел чантата

Ограбена жена во скопски Аеродром, напаѓачот насилно и ја одзел чантата

76-годишна жена била ограбена на подрачјето на скопската општина Аеродром, информира полицијата.

Имено вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, Т.М.(76) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот на подрачјето на Аеродром едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта во која имало мобилен телефон, лични документи и пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во мај или јуни реконструкција на Владата

Уапсени 11 возачи – 24info.mk

Средба на Муцунски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос