Утрински Весник
Македонија

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против едно лице од Тетово

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против едно лице од Тетово

Кичево, 14 април 2020 (МИА) – ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Р.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од ОВР Кичево, полициски службеници, кои на 29 април годинава вршеле контрола на магистралниот пат Кичево-Охрид, во 20:20 часот запреле товарно возило управувано од пријавениот и констатирале дека тој не поседува дозвола за движење и не ја почитува мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час од 19 часот до 05 часот следниот ден. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата