Утрински Весник
Спорт

Овие ѕвезди ЕУРО 2021 ќе го гледаат на телевизија

Овие ѕвезди ЕУРО 2021 ќе го гледаат на телевизија
Dik 300x250 mk

Импресивна е листата на фудбалери кои ќе го пропуштат Европското првенство. Сигурно е дека најзвучни имиња на оваа листата се Јан Облак и Ерлинг Халанд. Листата на најскапи десет играчи кои нема да играат на ЕУРО 2021 ја направи „22BET“.

Како извор за моменталната вредност на фудбалерите „22BET“, го користи специјализираниот поратал „Transfermarkt“.

На оваа листата четворица играчи се од Србија, двајца од Норвешка, а по еден од Албанија, БиХ, Словенија и Грција.

Листата ја предводи голманот Јан Облак. Според „Transfermarkt“, голманот на Словенија и Атлетико Мадрид вреди 90.000.000 евра.

Зад него е Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Борусија Дортмунд и Норвешка е порценет на 80.000.000 евра.

Следуваат Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Миралем Пјаниќ, Мартин Едегард, Филип Костиќ, Костас Манолас, Никола Миленковиќ, Мараш Камбула и Лука Јовиќ.

> Овие ѕвезди ЕУРО 2021 ќе го гледаат на телевизија <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата