Утрински Весник
Свет

„Ова е трагично“ – стотици мигранти во БиХ немаат сместување и спијат во автобуси

„Ова е трагично“ – стотици мигранти во БиХ немаат сместување и спијат во автобуси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сè уште нема решение за стотиците мигранти кои ја поминаа ноќта во автобуси во близина на кампот Липа кај Бихаќ, во Босна и Херцеговина.

Скоро 700 мигранти ноќта ја поминале во 20 автобуси кои тргнале кон касарната на Брадина, место на северот на општината Коњиќ, но набргу биле запрени бидејќи немало конкретен план за нивно пренесување.

Од локалната полиција изјавиле дека полициските службеници биле на терен цела ноќ и ја обезбедувале локацијата каде што минувале мигрантите.

„Во текот на денот очекуваме дека овој проблем ќе биде решен и дека ќе добиеме конкретни информации, подготвени сме да заминеме, само чекаме одобрување“, велат во МВР.

Кампот Липа беше запален и оттогаш не се знае каде ќе бидат сместени мигрантите.

Првично требаше да бидат преместени во просториите на поранешна фабрика, но на ова се спротивставија граѓаните на Бихаќ и локалните власти.

Истото се случи и со жителите на Брадина, кои вчера дознаа, како и властите, дека мигрантите треба да бидат сместени во тоа место. Тие со протест порачаа дека е неприфатливо за нив да се сместат голем број мигранти во близина на нивните домови.

„Ситуацијата во врска со бегалците е доказ за немоќта на ЕУ, а во Босна и Херцеговина е трагична“, рече генералниот секретар на австрискиот Црвен крст, Михаел Оприсниг.

„Трагично е да се гледа третманот со луѓето“, истакна тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп