Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Објавен протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија

ЗНМ: Осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“
Img 7972

Владата на денешната седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот. Овој протокол го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници, а воедно и на сите присутни.

Содржи два дела, општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на владини претставници.

Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот е изготвен во координација со Комисијата за заразни болести, со Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите на Mакедонија и во консултација со Министерствата и другите ресори во состав на Владата.

Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот е објавен на веб-страницата на Владата на следниот ЛИНК.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Реално“ со Марко и д-р Трајановски: Како што сум посветен на пациентите, така ќе се посветам и на Аеродром

26-годишник заработи кривична – пукал од автомобил во движење, дома имал два пиштоли

МЗ: На Радиологија при снимање на МР на пациент кој е на кислородна поддршка се случил технички проблем