Утрински Весник
Спорт

Објавен датум за реваншот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Лион

Познати сите двојки во втората квалификациска рунда на ЛШ

Торино, 6 мај 2020 (МИА) – Излезе официјален датум за едно од преостанатите полуфиналиња во Лигата на шампионите. Јувентус и Лион треба да го одиграат реваншот на 8 август. Првиот натпревар во Франција го добија домаќините со 1:0.

УЕФА е заинтересирана да стави крај на клупските турнири, а почетокот на август треба да се совпадне со крајот на локалните првенства.

Францускиот медиум „РМЦ“ цитира извори од европската централа, кои велат дека утрово се одржала средба помеѓу службените лица на раководното тело и претседателите на водечките европски земји.

Според овие извори, УЕФА ја објавила својата намера вториот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Лион да биде на 8 август, под услов да има безбедност за играчите.

Сепак, сè уште нема јасност за форматот за преостанатите кола и дали тие ќе останат на два натпревари до крајот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина