Утрински Весник
Спорт

Објавен датум за враќање на Серија „А“

Платите на сите играчи во Серија А намалени за една третина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Торино, 13 мај 2020 (МИА) – Шампионатот во Серија „А“ ќе се врати на 13 јуни, официјално објави италијанската фудбалска лига.

Од следниот понеделник тимовите ќе можат да тренираат, бидејќи во моментов се дозволени само индивидуални вежби.

Како што е веќе познато, беше одобрен здравствениот протокол, според кој при дијагностицирање дури и на еден фудбалер со коронавирус, сите други негови соиграчи ќе бидат должни да останат во карантин за период од две недели.

Рестартирањето на шпанското првенство е планирано за истиот викенд кон средината на јуни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место