Утрински Весник
Свет
Img 7972

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата
Img 7972

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави и една израелска и една француска компанија.

Првата фотографија е од 4 ноември 2019 година, на неа се гледаaт голем број магацини, хангари и други објекти во близина на водата. Другата фотографија е направена денеска и на неа видливи се само контурите на предметите во пристаништето.

Фотографиите ги направил рускиот сателит „Канопсус-В“, пренесе „Спутник“.

Фотографиите од вселената ги објави компанијата „Ербас спејс“, како и израелската компанија „Имиџ сат Интернешнал“.
„Ербас“ објави фотографии од францускиот сателит „Плејада“. На нив се гледа дека сите магацини во пристаништето се уништени, а од станбените згради останале само урнатини.

Израелската компанија на своите објавени фотографии обележала размери на кратерот кој останал по експлозијата, како и површината зафатена од потресот. Исто така објавила и фотографија од крузерот „Ориент квин“, кој од силината на ударот се превртел.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија