Утрински Весник
Свет

Објавена снимка: Авион Ф-35 ја тестира најновата нуклеарна бомба

Објавена снимка: Авион Ф-35 ја тестира најновата нуклеарна бомба

Американското воено воздухопловство успешно го заврши тестирањето на новата нуклеарна гравитациска бомба Б61-12.

Таа е прикачена на модел од најмодерниот борбен авион на денешницата, F-35A Joint Strike Fighter.

Иако тестирањето било спроведено на 25 август во Невада, тоа било тајно, а сега е објавена наводна снимка од настанот.

На снимката се гледа како Ф-35А ја исфрла бомбата на надморска височина од 3.200 метри, додека авионот лета побрзо од брзината на звукот.

Бомбата паднала на тло во пустината односно врз претходно поставена цел, по 42 секунди.

Бомбата Б61-12 е најнова од бомбите од семејството на нуклеарни гравитациски бомби Б61 што американската армија ги поседува од 1968 година.

Станува збор за бомба долга 3,65 метри и тешка 374 килограми, која лесно може да се смести во Ф-35 и да остане невидлива додека се носи како товар.

Во продолжение погледнете го наводното видео од овој настан:

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години