Утрински Весник
Македонија

Објавена поштенска марка по повод членството во НАТО

Објавена поштенска марка по повод членството во НАТО
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Објавена е поштенска марка по повод членството на нашата држава во НАТО, објави на својот профил на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски, потенцирајќи дека таа ги отсликува собраната колективната меморија на граѓаните кои се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот.

– По повод големиот историски успех и остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО е овековечено и на поштенска марка што овие денови ја објави АД „Пошта на Северна Македонија“. Поштенските марки се многу повеќе од парче хартија.Тие се симбол на државата која ги издава, силно средство за комуникација и траен запис за еден значаен момент од историјата на државата. Во оваа поштенска марка е збрана колективната меморија на граѓаните на Република Северна Македонија кои еднодушно се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот, напиша Спасовски. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Младеновска: Нова бомба – Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

Предизвикал сообраќајна несреќа со друго возило, при што тешко бил повреден и еден пешак, приведен возач од Скопје

МетеоАларм најава: Следуваат силен ветер и продор на многу ладен воздух