Утрински Весник
Македонија

Обука за пожарникарите за заштита при користење на средства за дезинфекција во Тетово

Обука за пожарникарите за заштита при користење на средства за дезинфекција во Тетово
Dik 300x250 mk

Тетово, 2 мај 2020 (МИА) – Стручните лица од Центарот за јавно здравје во Тетово одржаа обука за тетовските пожарникарите со цел да им укажат како да бидат заштитени при работа со средства за дезинфекција при спречување на ширењето на коронавирусот.

Од Кризниот штаб при општина Тетово посочуваат дека ваквата обука е од големо значење со оглед на здравствениот предизвик со кој се соочува целокупното население во борбата против Ковид-19.

-Оваа обука им овозможи на тимовите вклучени во дезинфекција да научат како да се заштитат себеси и другите, како да користат супстанции за надворешна и внатрешна дезинфекција навреме и ефикасно. Им благодариме на Центарот за јавно здравје-Тетово за овој тренинг, кој е големо значење за сите, информира Кризниот штаб.

-Ова пандемија е прв ваков предизвик за нас пожарникарите. Со ова покажуваме дека и при вакви несреќи ја исполнуваме нашата обврска да бидеме во служба на граѓаните, истакна Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

На отворен простор припадниците на Територијалната противпожарна единица Тетово користат натриум хипохлорид, додека за затворени простории бензалкониум хлорид.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Заедно пиеле па потоа го убил – Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново