Утрински Весник
Македонија

Обука за е-настава во Карпош

Обука за е-настава во Карпош

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Спроведена е обука со десетте основни училишта на територија на Карпош, за започнување на настава по електронски пат за учениците од деветто одделение. Ваквиот начин на учење доаѓа како резултат на состојбата за превенција и заштита од вирусот Ковид-19.

Како што соопшти Општина Карпош, пред присутните наставници денеска била претставена платформата. Тие изразиле подготвеност да го прилагодат наставниот материјал и да организираат учење по електронски пат.

– Секое училиште ќе креира платформа на „Гугл драјв“ (Google drive), преку која ќе се прикачуваат материјалите, кои согласно наставните програми, би се учеле во овој период од годината. Опфатени ќе бидат осум предмети – македонски јазик, математика, физика, хемија, биологија, историја, географија и англиски јазик.

Наставниот кадар ќе прикачува презентации, предавања во форма на видео формат, прашања и анкети за учениците и други образовни содржини. Целта е да се создаде интерактивна настава, која ќе придонесе во надоместување на изгубениот наставен материјал и анимирање на учениците.

Најпрво, е-наставата започнува за учениците од деветто одделение, со намера и препорака да се пренесе и во пониските одделенија.

– За овој тип на предавања, Општината ги информираше Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование, при што е добиена согласност за нивно спроведување. Станува збор за неформално организирање на наставниот процес, се наведува во соопштението. мс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

Ангелов: На пожарот во с. Брезница дејствува чешки хеликоптер „Блек хок“, од огнот не е зафатено ловиштето Јасен

Девојки од Србија, Украина и Албанија без документи затекнати во ноќен клуб во Желино