Утрински Весник
Свет

ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жените

Улогата на жените лидери, посебно во градењето на мирот и спречувањето на конфликтите, е клучна во постигнување на целите за просперитетни и мирни општества и гаранција за зајакнување на нашите демократии, изјавија официјални претставници на ОБСЕ по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.

Тие укажаа на потребата да се засилат напорите и да се зголемат ресурсите за зајакнување на женското лидерство.

Исто така ја подвлекоа клучната улога на жените во обезбедувањето на закрепнување по пандемијата на Ковид-19.

„Економското зајакнување на жените и девојките е од суштинско значење за нивно значајно вклучување и еднакво учество во процесите за донесување одлуки, вклучително и во решавањето на конфликтите и градењето на мир. Промовирањето на женското лидерство е важен аспект кога сакаме да го зголемиме целосното и ефективно учество на жените во процесите на донесување одлуки. ОБСЕ мора да игра важна улога во напорите за зајакнување на женското лидерство во општествата“, рече претседавајќи со ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде.

Генералнната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, истакна дека подеднакво учество на жените во справувањето со пандемија е поважно од било кога.

„Ние мора да дадеме приоритет на напорите за унапредување на женското лидерство, преку професионално обучување и менторство, преку поддршка на женските мрежи за градење мир и преку обезбедување на родово чувствително работно опкружување“, посочи Шмид.

Официјални лица на ОБСЕ подвлекоа дека родовата еднаквост е предуслов за инклузивен мир, одржлив економски развој и демократско управување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп