Утрински Весник
Македонија

ОБСЕ донираше возило за Црвениот крст во Тетово

ОБСЕ донираше возило за Црвениот крст во Тетово

Тетово, 14 април 2020 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Тетово од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје доби донација-теренско возило.

– Благодарност до мисијата на ОБСЕ во Скопје, за донацијата на возило со погон 4х4 за потребите на Општинска организација на Црвен крст Тетово. Преку вашата донација ќе ни го олесните реализирањето на работата и целите на нашата организација за помагање на населението во потреба во Тетовскиот регион.Вие навистина ја направите разликата за нас, и ние сме крајно благодарни за вашата подршка, се вели во соопштението на општинската организација.

Од ОБСЕ потенцираат дека оваа организација со возилото ќе може да ја интензивира својата работа што често значи и спасување на животи.

– За време на епидемијата со Ковид-19, волонтерите на Црвениот крст од Тетово храбро одговорија на потребите на заедницата испорачувајќи итно потребни медицински материјали до селата во оваа општина. Ние дониравме 4х4 возило што ќе и помогне на оваа организација да продолжи со својата животно спасувачка работа, соопштија од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Возилото во Скопје го презеде секретарот на општинската организација Шкљќим Мурати.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожари на повеќе локации во Струмица

Вчера шест обиди за измами со лажен лекар или полициски службеник на подрачјето на СВР Велес

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата