Утрински Весник
Македонија

Обраќање на Димитров и Османи: Промената на функциите носи свежина за пристапниот процес кон ЕУ

Обраќање на Димитров и Османи: Промената на функциите носи свежина за пристапниот процес кон ЕУ

Пред просториите на Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надвореши работи, Бујар Османи, одржаа заедничка прес-конференција по повод прземањето на новите функции.

Во своето обраќање, Димитров најпрво се заблагодари на сите вработени во Министерството за надворешни работи, за нивната посветена работа.

„Посебно на оние кои што без многу фанфари, без многу лаворики посветено дадоа сѐ од себе овие претходни три години да бидат вистина историски. Постигнавме несомнено историски успех со членството во НАТО и со решение на тридеценискиот проблем што нѐ држеше надолу како котва – спорот со Грција и почнавме еден многу важен историски процес со соседна Бугарија. Ќе оставам за тоа да зборуваат партнерствата, пријателствата што го изградивме со соседите, со Европа и со светот“, порача тој.

Најави дека во следниов период во СЕП, фокус ќе биде почетокот на пристапниот процес.

„Целта ни е да ги почнеме конечно пристапните преговори и да ја отвориме најдобрата алатка за реформи дома. Тоа ќе значи дека СЕП ќе треба да стане еден од главните мотори во државава, што ќе ги турка реформите напред. Нѐ чека многу рабоа, но и истовремено и големи предизвици, големо бреме и товар, но и огромна златна шанса следниве години да ги искористиме длабоко да навлеземе во пристапниот процес со Европската Унија“, потенцираше Димитров.

Министерот Османи посочи дека пораката која ја испраќаат со Димитров е дека како држава остануваме на стратешките интереси во делот на односите со ЕУ.

„Јас на оваа промена гледам многу позитивно – еден континуитет на политиката, но со свежина во предизвиците кај нас двајцата. Искуствата кои јас ги носам од СЕП, а Никола од МНР, сега ќе ги пренесеме во двете институции, што секако ќе претставува дополнителен импулс од кој државата и граѓаните можат да имаат само корист“, истакна МНР Османи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Седумина повредени, меѓу нив и тројца малолетници при судир на ,,мерцедес“ и ,,џип“

Митева: Сто милиони евра во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ

Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија