Утрински Весник
Македонија

Образовните асистенти ќе можат да се вработат на неопределено време

Образовните асистенти ќе можат да се вработат на неопределено време

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, со цел, меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.

„ Со предложените измени се пропишува и полагање на стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа, како и кариерно напредување на административните службеници во основните училишта“ наведува владината прес-служба.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари