Италија, со голем број на нови играчи по најавената „реконструкција“ на селекцијата под Роберто Манчини, одигра 1:1 против Германија на „Ренато Дал’Ара“ во Болоња во првиот нивни меч од Лигата на нации на УЕФА.
По летаргичното прво полувреме, во кое двете репрезентации можеби беа премногу внимателни во својата игра, „аѕурите“ први дојдоа во водство откако дебитантот во репрезентацијта Дењан Њонто имаше одлична асистенција, а Лоренцо Пелегрини ја смести топката во мрежата на Мануел Ноер. Меѓутоа, славјето на фановите траеше само две минути, за Џошуа Кимих да израмни на 1:1. Во групата 3 уште се и Англија и Унгарија.
Убав старт на новата сезона во Лигата на нации имаа и Црногорците, кои со 2:0 ја совладаа Романија во меч од Лига Б. Стефан Мугоша во 66. минута и Марко Вукчевиќ во 87. минута беа стрелци за домаќините. Турција, во Лига Ц, пак, немаше проблем и со 4:0 ја совлада репрезентацијата на Фарски Острови.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 3
Италија – Германија 1:1
ЛИГА Б, ГРУПА 3
Црна Гора – Романија 2:0
ЛИГА Ц, ГРУПА 1
Турција – Фарски Острови 4:0
> Обновената Италија до реми со Германија <