Утрински Весник
Македонија

Обнова на Европа во ЕП: Задача на новата влада е продолжување на реформите на патот до ЕУ

Обнова на Европа во ЕП: Задача на новата влада е продолжување на реформите на патот до ЕУ

Политичката група Обнова на Европа во Европскиот Парламент го поздравува формирањето на новата влада во Северна Македонија и со тоа порачаа дека на државата и треба политичка стабилност со цел да ги оствари реформите преку про-Европска влада која ќе подготви патоказ за пристапување на ЕУ.
„Република Северна Македонија спроведе фер и легитимни избори во екстремно тешка ситуација на глобална пандемија. Тоа е позитивен знак да се види дека спротивно од многу очекувања, договор да се формира нова влада се најде во многу краток период но и во точни временски рокови.

„Продолжувањето на реформите во патот на оваа држава до Европската Унија, како и борбата против корупција и организиран криминал се први приоритети на новата влада на Зоран Заев. Верувам дека една од првите задачи на новата влада е да подготви патоказ за пристапување на ЕУ со основа на широк политички консензус во државата. Во меѓувреме, ЕУ Советот треба да го присвои последниот текст од рамката за преговори без одложување за да може да се свика првата меѓувладина конференција колку што е можно поскоро“, вели членот на Обнова на Европа, Илхан Ќучук од Движење за Прави и Слободи, Бугарија а воедно и известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент.

Претседателот на Обнова на Европа, Дачијан Чолош (ПЛУС Романија) со позитивна сигнали и недвосмислена поддршка за перспектива на земјава и на Западен Балкан.

„Добри се вестите дека новата влада во Скопје, предводена од Зоран Заев, сега ги има инструментите на располагање да го продолжи напредокот достигнат на патот за Европа од Северна Македонија во претходните неколку години, како и да се бори против Ковид-19 пандемијата и социо-економските последици кои ги донесе истата. Уверен сум дека владата целосно ќе се ангажира со преговорите за пристапување на ЕУ преку отворено и транспарентно вклучување на сите засегнати страни и дека Обнова на Европа веќе ја имаат искажано нивната недвосмислена поддршка на Европската перспектива на Западниот Балкан, особено за Северна Македонија. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме процесот на проширување изграден преку меѓусебна доверба, како и јасни критериуми и ангажман“, истакнува претседателот на Обнова на Европа, Дачијан Чолош.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Санкционирани 185 возачи во Скопје

Лишени од слобода две лица: Пронајден пиштол и криумчарена стока во село Побожје

Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција