Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Обложувалниците тријат раце – На ЕП уплатени 62 милијарди евра, за ЛШ 26 милијарди евра

Обложувалниците тријат раце – На ЕП уплатени 62 милијарди евра, за ЛШ 26 милијарди евра
Img 7972

Лигата на шампионите е најпрестижното клупско натпреварување во светот. „Спортрадар“, објави дека минатата сезона на натпреварите во Лигата на шампионите, биле уплатени 26 милијарди евра. „Спортрадар“, неодамна стана стана генерален партнер на УЕФА за спортско обложување.

Според анализата, вкупниот промет во овој сектор, во 2021 година, изнесува неверојатни 520 милијарди евра. Од оваа сума, 78 милијарди, или 15 отсто, припаѓаат само на најсилните европски лиги, и натпреварувањата на УЕФА (Лигата на шампионите или Лига Европа).

Дополнителни 12 отсто од вкупниот промет отпаѓаат на натпреварите кои се играа на Европското првенство. Во текот на ЕУРО 2020 биле уплатени 62 милијарди евра, или 1,2 милијарди евра по натпревар.

Просечна уплата за натпревар во Лигата на шампионите изнесува 210 милиони евра, односно 76 милиони евра се уплатуваат во просек за натпревар во Лига Европа.

> Обложувалниците тријат раце – На ЕП уплатени 62 милијарди евра, за ЛШ 26 милијарди евра <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН