Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Облачно со повремени врнежи претежно од снег

Облачно со повремени врнежи претежно од снег
Img 7972

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Времето во државава ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни врнежи се очекуваат попладне и во вечерните часови во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Според податоците на Упрвата за хидрометеролошки работи (УХМР), најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 19 сантиметри, во Дебар 17, Пожаране 12,  Штип 9,  Лазарополе и Тетово 8 сантиметри, во Берово 7, Крушево и Виница 6, Гевгелија и Дојран 5,  Струмица, Д. Капија, К.Паланка и Куманово 4, во Прилеп 2  и еден сантиметар во Претор и Тополчани.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд. Потоа до сабота ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи, кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. бк/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ристо Спасов: ДПМНЕ камен не фрли во Радовиш, време е за урбана општина со затворен базен, градинка, зеленило

(Фото) Заев се појави на митингот на СДСМ во Струмица

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците