Утрински Весник
Македонија

Облачно со локален дожд и грмежи

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец, особено ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 21 степен.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно, облачно со пороен дожд и појава на грмежи. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи 

234 советници во општини не поднеле изјава за имотна состојба

Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана