Утрински Весник
Македонија

Облачно со дожд и температура до 16 степени

Дождот ги поплави велешките улици

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе има врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 4 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 12 степени. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава