Утрински Весник
Македонија

Облачно со дожд и снег

Облачно со дожд и снег
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од еден до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до шест степени.

До сабота ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи, кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. јв/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

МетеоАларм најава за студен и влажен бран кој носи дождови и снегови

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови