Утрински Весник
Македонија

Облачно со врнежи од дожд во попладневните часови

Утре облачно и свежо со повремен дожд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утрово се измерени -5 степени во Берово, -2 во Битола, -1 во Струмица, Скопје-Петровец, 0 во Штип, Крива Паланка и Тетово, 1 степен во Демир Капија и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 3 во Виница, 4 степени во Охрид и Претор, 5 степени во Маврови Анови, Крушево и Гевгелија, 8 степени во Дојран.

Во текот на ноќта, како што информираат од УХМР, од запад се прошири облачност и утринава само на истокот има сончево време.

Магла и ниска облачност има во Струмица, а магливо е во Демир Капија и во Скопската котлина.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат во пладневните часови во западните делови и потоа ќе се прошират во останатите региони, а поизразени ќе бидат во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје oблачно со слаб јужен ветер, попладне со појава на повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче