Утрински Весник
Македонија

Облачно и студено со дожд, на повисоките места снег

Попладне локално невреме со пороен дожд и грмежи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места на северозапад врнежите преминаа во снег. Дуваше слаб до умерен, вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Утрово во најголем дел од земјава е облачно со дожд, освен на крајниот југоисток, каде е умерено облачно информираат од УХМР.

Висината на снежната покривка во Пожаране во 8 часот изнесувала 10 см.

Денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег.

Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 20 л/м2).

Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали и ќе биде во интервал само од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне околу 6 степени.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен