Утрински Весник
Македонија

Облачно и свежо време со врнежи од дожд

Облачно и свежо време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен пороен дожд. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот.

Можете да прочитате

Оставка од Ленче Ристоска: Политичките влијанија го разоруваат обвинителскиот систем

Средба на Муцунски со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник