Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Облачно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и ветер

Облачно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и ветер
300x250 opst2

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 степени, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 18 степени. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одобрен во целост обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники