Утрински Весник
Македонија

Облачно и посвежо време со повремен локален дожд

Облачно и посвежо време со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и ретки грмежи претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

Од утре следува период на стабилно време, освен вo понеделник кога ќе има краткотраен локален дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја