Утрински Весник
Македонија

Облачно и ветровито, локално пороен дожд и грмежи

Дождот ги поплави велешките улици

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Преодна дестабилизација на времето се очекува денеска. Синоптичарите најавуваат облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната до 23 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. бак/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање