Утрински Весник
Македонија

Облачно време со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни локално (над 20 л/м2 наврнат воден талог), проследени со силни грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје, облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

И в сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни грмежи, засилен ветер и појава на град.

И во скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Можете да прочитате

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен

СДСМ: Мицкоски во Давос- дипломатска изолација и медиумски мрак за Македонија

На Попова Шапка утрово најстудено -4 степени и снежна покривка од 33 сантиметри