Утрински Весник
Македонија

Облачно време со температура до 13 степени

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претежно на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево, информира УХМР.

Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер (на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито, попладне посончево. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: ЗНАМ ги изневери луѓето кои сакаа промена, ве изневери вас, ве повикувам да се вратите дома

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава