На Европското фудбалско првенство кое наместо годинава, поради пандемијата на коронавирусот ќе се одржи во јуни идната година, се пласираа 24 репрезентации, меѓу кои за првпат Македонија и Финска.
„Трансфермаркт“ ја состави листата на најскапи фудбалери кои ќе го пропуштат ЕУРО 2021 затоа што нивната селекција не успеа да се пласира на првенството.
Еве кои се 10-те најскапи фудбалски имиња кои ЕУРО 2021 ќе го гледаат на тв:
Јан Облак (Словенија) 90 милиони евра
Ерлинг Халанд (Норвешка) 80 милиони евра
Сергеј Милинковиќ Савиќ (Србија) 65 милиони евра
Миралем Пјаниќ (БиХ) 50 милиони евра
Мартин Одегард (Норвешка) 45 милиони евра
Филип Костиќ (Србија) 32 милиони евра
Костас Манолас (Грција) 32 милиони евра
Никола Миленковиќ (Србија) 28 милиони евра
Мараш Кумбула (Албанија) 25 милиони евра
Томас Стракоша (Албанија) 25 милиони евра
> Облак, Халанд и СМС – најскапите фудбалери што ЕП ќе гледаат на тв <