Утрински Весник
Спорт

Оби Топин го доби натпреварот во забивање на Ол-Старот

Оби Топин го доби натпреварот во забивање на Ол-Старот
Dik 300x250 mk

Оби Топин од Њујорк никс е најдобриот „забивач“ во НБА лигата, откако го доби натпреварот во забивање на Ол-Стар викендот во Кливленд. Топин со забивање со една рака, откако топката ја одби од таблата доби 47 поени во последното забивање за да го запечати триумфот.

„Зборувавме пред натпреварувањето и сакавме да дојдеме тука и да покажеме работи кои луѓето никогаш не ги виделе. Затоа го направив тоа“, вели Топин.

Топин, како дебитат, лани загуби во финалето од Енферни Симонс од Портланд.

Тој го победи Хуан Тоскано-Андерсон од Голден Стејт во натпреварување кое не беше највозбудливото, откако Тоскано-Андерсон не успеа да го комплетира последното забивање во три обиди.

> Оби Топин го доби натпреварот во забивање на Ол-Старот <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс