Утрински Весник
Економија

Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола, но снабдувањето со струја е стабилно

Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола, но снабдувањето со струја е стабилно

Обилните врнежи од дожд и снег во битолскиот регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот Комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода, предизвикаа застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на Комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.

ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.

„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст