Македонска Каменица, 21 јуни 2020 (МИА) – Одрони на патниот правец Македонска Каменица – Делчево создаваат потешкотии на воачите кои јавуваат дека истите се забележани на повеќе места на споменатиот патен правец. Од „Македонија пат“ информираат дека обилниот дожд е причина за одроните, поради што нивни екипи се веќе на терен и работат на расчистување на местата каде одроните се забележливи.
-Наши екипи се веќе на местото каде се наоѓаат одроните и работат на нивно отстранување. Одроните овде како што веќе знаете се честа појава после врнежи од дожд, особено во делот на патниот правец од Кочани кон Македонска Каменица и од Македонска Каменица кон Делчево каде и најчесто може да се забележат, велат од „Македонија пат“.
Додаваат, дека екипи на претпријатието вршат редовна обиколка и на оние места, каде ќе бидат забележани нови одрони ќе биде поставена соодветна патна сигнализација со знаци за известување.
Исто така апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Поради врнежите од дожд сообраќајот на оваа делница се одвива по влажни коловози. вс/нд/