Утрински Весник
Свет

Обид за атентат врз прорускиот градоначалник на Мариупол

Лидерот на проруската и сепаратистичка администрација во окупираниот Мариупол, Костијантин Ивашченко преживеа обид за атентат за време на посетата на Зоолошката градина, објавија руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Петро Андриушченко, помошник на украинскиот градоначалник на Мариупол, ја потврди веста на Телеграм.

„Имаше обид да се убие Ивашченко во Мариупол. За жал, не беше многу успешен. Но, ова е само почеток“, напиша на Телеграм, Андриушченко.

Ивашченко бил во автомобил кога експлозивна направа експлодирала на влезот во Зоолошката градина во Мариупол.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците