Утрински Весник
Економија

Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино

Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино

На денешната седница Владата ја донесе и Одлуката за одобрување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија, со која се одобруваат финансиски средства во износ од 615 милиони денари на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.

„ Овие средства АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, ќе ги користи исклучиво за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија за зголемување на производството на електрична енергија и за обезбедување мазут и други потребни средства и услови за продолжување со производството на електрична енергија од страна на ТЕЦ Неготино, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија“ соопшти владината прес служба.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртиот квартал од 2025 година

ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денар

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција