Утрински Весник
Свет

Обединетите Арапски Емирати: Москва има право да ја зачува својата национална безбедност

Обединетите Арапски Емирати: Москва има право да ја зачува својата национална безбедност
Dik 300x250 mk

Престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, изјави дека Москва има право да ја заштити својата национална безбедност, соопшти прес-службата на Кремљ.

Такво убедување тој изрази при денешниот телефонски разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Се разговараше за ситуацијата во врска со Украина. Владимир Путин ги наведе причините за почнување специјална воена операција во Украина, задачите и целите на операцијата. Мохамед бин Зајед ал-Нахјан потврди дека Русија има право да ја обезбеди својата национална безбедност“, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ, пренесува ТАС С.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп