Утрински Весник
Македонија

Обвините две лица од Битола за прекршување на полицискиот час

Обвините две лица од Битола за прекршување на полицискиот час

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Против две лица Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Битола.

-Обвинетите на 27 април постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата на Република Северна Македонија. Двајцата обвинети, за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола, се движеле со автомобил пред влезот на Клиничката болница во Битола, каде биле сопрени од полициски службеници, соопштија од обвинителство.

Основното јавно обвинителство Битола му предложи на Судот за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?