Утрински Весник
Македонија

Обвинителство за сообраќајката кај Ресен: Автомобилот со кој загинаа двете лица преминал во спротивната насока

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и со вештак од областа на сообраќајот изврши увид на самото место каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

„Според првичните сознанија, до незгодата дошло кога патничкото возило од засега непознати причини преминало на спротивната сообраќајна лента, по која се движело товарното возило при што дошло до директен судар“, велат од Обвинителството.

На местото на незгодата од тешките повреди починале двете лица од Охрид кои се превезувале во автомобилот.

Во насока на расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од самото место, наредба за обдукција врз телата на починатите, како и за сообраќајно-техничко вештачење.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДУИ: Мицкоски продолжува со измислици, цела комуникација со нас веднаш да ја објави

Следната работна седмица го очекуваме првиот посериозен утрински мраз!

Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце