Утрински Весник
Македонија

Обвинителството поднесе обвинение за бесправно градење кај „Беко“

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – бесправно градење на местото на поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје.

Кривични пријави до Обвинителство за бесправното градење поднесе Општина Центар во 2020 година и во 2021 година.

„Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар. За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постојниот објект стоковна куќа ‘Беко’ Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил одобрение од Општина Центар за отстранување на постојниот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа“, соопшти Обвинителството попладнево.

 

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба