Утрински Весник
Македонија

Обвинителството отвори предмет против 22 лица за тепачката во Струмица

Обвинителството отвори предмет против 22 лица за тепачката во Струмица

Oбвинителството во Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи минатата недела.

Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – спречување на службено лице во вршење службено дејствие, а останатите десетмина за насилство.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот“, соопшти Обвинителството.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати