Утрински Весник
Македонија

Обвинителството за организиран криминал доби ИТ опрема во вредност од 27 илјади евра

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Во рамките на Проектот ИПА 2017 Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби ИТ опрема за дигитална форензика во вредност од 27.000 евра, информираат од Јавното обвинителство.

-Опремата се состои од софтвер и хардвер за компјутерско и мобилно вештачење на одземените ИТ уреди во кривично-правните настани на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Дигиталната форензика е една од носечките активности на истражниот центар на ова обвинителство и неопходна за непречено ефикасно и ефективно функционирање како на истражниот центар, така и на обвинителството во целина, соопштија од обвинителство.

За потребите на истражниот центар во рамките на овој проект минатиот месец беше донирана и друга хардверска опрема. оџ/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво