Утрински Весник
Македонија

Обвинителството започна постапка против битолчанец фатен со 200 грама марихуана

Претреси во Арачиново, пронајдена дрога

Скопското основно јавно обвинителство започна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради сомнение дека сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од обвинителството, при извршен преглед од службени лица на 11-ти овој месец, кај осомниченот биле пронајдени 194 грама марихуана. Осомничениот се наоѓал на меѓуградската автобуска станица во Скопје, а дрогата му била спакувана во кеса која ја носел во патна торба.

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување притвор за битолчанецот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лажна СМС порака од Пошта остави гостиварец без 1500 евра

Забрчанец: Интернетот и ВИ се инфраструктура за критичка мисла, не само за забава

Покренато обвинение за маж и жена кои Саитов го пренеле преку граница