Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Обвинителството ги повика децата на Трамп да сведочат

Обвинителството ги повика децата на Трамп да сведочат
Img 7972

Обвинителството на државата Њујорк им врачи судски покани на децата на Доналд Трамп, Иванка и Доналд Џуниор.

Поканите биле доделени како дел од истрагата за тоа дали деловната организација на Трамп манипулирала со вредностите на својот имот, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на судски документи.

Повиците дошле од канцеларијата на државниот обвинител Летиша Џејмс на 1 декември, а Трамп добил еден повик лично, пишува „Њујорк Тајмс“, а пренесе „Ројтерс“.

Нејзината истрага е поврзана до одреден степен, но не е дел од кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за аферите на организацијата на Трамп, вклучувајќи ги и сомневањата дека организацијата ја преувеличувала вредноста на некои недвижности за да добие заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата минатиот мај.

Вториот син на Трамп, Ерик, бил испрашуван од истражителите на државното обвинителство во октомври 2020 година, според „Њујорк Тајмс“.

Поранешниот претседател Трамп ја тужеше Џејмс со намера да ја блокира нејзината граѓанска истрага за наводната измама во неговата компанија и ја обвини дека и служи на партиската политика како демократ, додаде „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите