Утрински Весник
Македонија

Обвинителството во Штип обвини две лица за непочитување на полицискиот час

Општините на истокот бележат пад на приходите

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично-правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За стореното кривично дело обвинителството му предложило на судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, пеш или со возила се движеле низ градот, во временски период кога во сила бил полицискиот час, со што не ги почитувале донесените одлуки на Владата за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата