Утрински Весник
Македонија

Обвинителството бара парична казна за штипјанец за непочитување на полицискиот час

Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле на полициски час

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, лицето се товари дека на 30 март 2020 година, управувало возило низ градот Штип иако во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството, се додава, предложи на Судот, на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​ вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Доаѓа бурно невреме во Македонија!

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места