Утрински Весник
Македонија

Обвинителен акт за неготинец за разбојништво

Едно лице под истрага за разбојништво во Крива Паланка

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против разбојник од Неготино кој од казино со закана со нож одзел над 5.000 евра. Дваесет и четиригодишниот неготинчанец е во притвор и се бара негово продолжување поради опасност од бегство.

Како што соопшти ЈО, на 26 декември 2019 година, неготинчанецот околу 8 часот со маска на глaвата влегол од споредниот заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканил на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што обвинетиот ја отворил касата и ги зел парите во износ од 324.700 денари.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес до судот во Велес доставил предлог за продолжување на мерката притвор. бк/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР со најнова прогноза – еве какво ќе биде времето следната недела

Во Собранието доделена државната награда „22 Ноември“ – Авзи Мустафа и Африм Османи добитници

Изложбата „Украина Љубов и Војна“, сведоштва за животот во Украина 2014 – 2024