Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Обвиниение против струшкиот гинеколог Асани, во дивата ординација работел цели седум години

Обвиниение против струшкиот гинеколог Асани, во дивата ординација работел цели седум години
Img 7972

Струшкото основното јавно обвинителство денеска до надлежниот суд достави обвинение против 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, информираат од Обвинителството

Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година, со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи обвинетиот наплатувал по 1.000 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство на 16 јануари 2020 година, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено Решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност.

Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга останала без бубрег, матка и јајник.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат