Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Обвинение против 36 лица за издавање на дозволи без положен возачки испит

300x250 opst2

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обивинение против 36 лица, од кои петмина се товарат за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, додека останатите 31 за поттикнување при извршувањето на тоа кривично дело.

Како што информираат од обвинителството, петтемина обвинети, вработени во Одделот за граѓански работи при МВР во повеќе наврати ја искористиле својата службена положба и овластување.

Имено, во периодот од 26 ноември 2019 до 19 мај 2020 година, поттикнати од останатите обвинети, тие пополнувале барања за издавање возачка дозвола во кои внесувале невистинити податоци, ги пуштале во процедура, вршеле одобрување и издавале возачки дозволи.

На овој начин им овозможиле на подносителите да се стекнат со возачки дозволи од Б категорија, иако не ги исполнувале условите за тоа, односно немале положено возачки испит.

За првоосомничениот, за кого во текот на претходната постапка била определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител доставил предлог за продолжување на притворот.

Со претходната постапка во овој предмет биле опфатени уште три лица вработени во Одделението за управни работи при МВР, но со направените проверки не се утврдило дека тие презеле незаконити дејствија.

Од тие причини, јавен обвинител донел решение за отфрлање на кривичната пријава против тие три лица.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче од Центар: нема да влегувам во калта, ќе го разобличувам Мицкоски

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)